Ќе се формира Агенција за храна

Bez autora
Sep 19 2010

Владата на последната седница донесе одлука да се формира Агенција за храна. Одлуката следува по донесување на новиот закон за безбедност на храна, кој е правен по европски модел и со кој се предвидува контролата на храна да биде под ингеренции на една инспекциска служба. Агенцијата најверојатно ќе почне со работа следната година и ќе биде под директна владина контрола. Според нашите извори е предвидено да се спојат сегашната Дирекција за храна и Ветеринарната управа. Вчера ниту во едната ниту во другата институција не сакаа да дадат детали за тоа како е предвидено да се направи спојувањето, од кога ќе се формира истата и колку новоотворени работни места ќе има. Порано и двете служби се жалеа дека имаат кусок на кадри за да може непречено да си ја извршуваат работата.

Ќе се формира Агенција за хранаВладата на последната седница донесе одлука да се формира Агенција за храна, дознава „Дневник“.

Одлуката следува по донесување на новиот закон за безбедност на храна, кој е правен по европски модел и со кој се предвидува контролата на храна да биде под ингеренции на една инспекциска служба.

Како што дознаваме, Агенцијата најверојатно ќе почне со работа следната година и ќе биде под директна владина контрола. Според нашите извори е предвидено да се спојат сегашната Дирекција за храна и Ветеринарната управа.

Вчера ниту во едната ниту во другата институција не сакаа да дадат детали за тоа како е предвидено да се направи спојувањето, од кога ќе се формира истата и колку новоотворени работни места ќе има.

Порано и двете служби се жалеа дека имаат кусок на кадри за да може непречено да си ја извршуваат работата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik